19 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) денеска објави анализа во која тврди дека граѓаните и бизнисите во Северна Македонија плаќаат значително повисоки цени за нафтените деривати поради, како што велат, неинтервенирањето на Владата.
На прес-конференција, претставничката на партијата Имране Велиу Алиу истакна дека според нивните податоци, само во последните две недели граѓаните платиле над 10 милиони евра повеќе за гориво.
Според анализата на ДУИ, годишната потрошувачка на нафтени деривати за транспорт во земјата изнесува околу 720.000 тони. Тоа значи дека месечно се трошат околу 60.000 тони, односно 60 милиони литри, неделно 15.000 тони (15 милиони литри), а дневно околу 2.000 тони или 2 милиони литри.
Од партијата пресметале дека сегашната состојба ги чини граѓаните и компаниите околу 685.000 евра дневно, што на неделно ниво достигнува повеќе од 5,15 милиони евра.
„Неинтервенирањето на Владата создава сериозен финансиски товар врз граѓаните и економијата“, посочија од ДУИ, додавајќи дека се неопходни итни мерки за стабилизирање на цените.
Посебен акцент беше ставен на граѓаните кои секојдневно патуваат кон Скопје. Според пресметките на партијата, жителите на Тетово би плаќале околу 600 евра повеќе годишно по лице, граѓаните од Гостивар околу 780 евра, додека оние од Куманово би имале дополнителен трошок од околу 579 евра годишно.
Од ДУИ оценуваат дека овие бројки се алармантни и директно влијаат врз влошување на животниот стандард на граѓаните.
Партијата упати јавен повик до Владата за итно донесување мерки со цел намалување на цените и спречување на злоупотреби, особено во пресрет на претстојните празници Бајрам и Велигден.
Инаку, од ДУИ посочуваат дека уште пред една недела предложиле конкретни решенија за ублажување на ценовниот притисок, но досега, како што велат, нема реакција од надлежните институции.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

