МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Година дена влада на Мицкоски – година дена поделби, неуспех и антиалбанска реторика

19 мај 2025

• од Вардарски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска остро ја критикуваше владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи дека таа веќе една година води политика на поделби, национализам и пропаганда, наместо развој и европска перспектива.

„Мицкоски веќе една година води Влада на неуспех, национализам и антиалбанска реторика“, се вели во соопштението од ДУИ. Според нив, наместо резултати и стабилност, Владата продолжува по истата линија со која настапуваше на изборите – со поделби, омраза и празна реторика.

ДУИ оценува дека државата е во застој, без јасна насока и без план за напредок. И покрај тоа што интеграцијата во Европската Унија беше прогласена за приоритет број еден, според партијата, овој процес е целосно блокиран и без изгледи за одблокирање.

„Додека Албанија, Црна Гора и други земји од регионот чекорат сигурно кон членство во ЕУ, граѓаните на Македонија гледаат како нашата држава тоне во изолација. Наместо поддршка на соседите, Мицкоски и неговиот круг шират антиалбански чувства и ги повторуваат нивните предрасуди дека ‘Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ’.“

ДУИ ја обвинува Владата дека, наместо да ги зајакнува меѓуетничките односи – како клучен столб на стабилноста – дополнително ја поттикнува реториката на поделби, продолжувајќи ја изборната мантра дека „Албанците треба да се стават таму каде што им е местото“.

Партијата предупредува на опасен моноетнички проект во кој, како што наведуваат, Мицкоски ја вклучува и обвинителската власт, судството, олигархијата и дел од граѓанскиот сектор, што создава длабоки поделби во општеството и долгорочни последици врз социјалната кохезија.

ДУИ истакнува дека економскиот развој постои само во владината пропаганда, а статистиките се, според нив, „шминкани“. Реалноста на граѓаните е сосема поинаква: раст на цени, ниски плати и масовно иселување на младите.

„Социјалната правда е етнички заробена и маргинализирана, институциите не одговараат на основните потреби на граѓаните“, се вели во соопштението.

ДУИ ја обвинува Владата дека се обидува да го прикрие недостатокот од визија, знаење и храброст за соочување со реалните предизвици со лажен патриотизам и застарена реторика, инспирирана од времето на Милошевиќ.

„Но Албанците се обединуваат“, порачува партијата. „Против оваа антиевропска и антиалбанска влада се формира достоинствен, национален и граѓански фронт, кој се залага за еднаквост, стабилност и иднина за сите.“

ДУИ додава дека дури и политички ривали ги ставаат на страна разликите за да го заштитат достоинството, националниот интерес и да понудат вистинска европска перспектива за граѓаните.

На крај, партијата ја обвинува ВЛЕН дека сè уште е во Владата воден од привилегии, и оти тие се „последните фигури на една епоха што завршува – епоха која Албанците ќе ја паметат по понижувањето на нивното достоинство и блокадата на нивните аспирации“.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени