МАКЕДОНИЈА

Државата годинава со зголемено задолжување преку државни хартии од вредност

02 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Државата во текот на 2025 година планира поголемо задолжување во споредба со минатата година, покажуваат податоците од Министерството за финансии. Веќе утре е закажана аукција на 12-месечни државни записи во вредност од околу десет милиони евра (600 милиони денари), како дел од календарот за издавање државни хартии од вредност за првиот и вториот квартал.

До крајот на јуни се очекува уште една аукција, која е предвидена за 24 јуни. Овие активности се дел од редовното буџетско финансирање и управување со јавниот долг.

Колку точно аукции ќе има до крајот на годината ќе биде познато во средината на јуни, кога Министерството за финансии ќе го објави новиот календар за емисии во третиот и четвртиот квартал. Во тој документ, покрај датумите за новите задолжувања, ќе бидат вклучени и детални податоци за хартии од вредност што доспеваат за исплата.

„Вредноста на планираните емисии е во рамките на Буџетот за 2025 година“, соопштуваат од Министерството за финансии за „Блумберг Адрија“.

Со оваа динамика, државата продолжува со трендот на фино прилагодување на задолжувањето во согласност со буџетските потреби и пазарните услови, но во исто време го зголемува и нивото на вкупниот долг во споредба со претходната година.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени