27 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во гостување во подкастот „Почетна пресметка“, македонскиот Бугарин Драги Каров зборуваше за, како што рече, сериозните проблеми со кои се соочуваат граѓаните што јавно се изјаснуваат како Бугари во Македонија.
Каров истакна дека јавното изразување на бугарски идентитет често носи последици, меѓу кои и закани, притисоци, па дури и физичко насилство. Според него, постои атмосфера на страв поради која многумина избегнуваат јавно да го кажат својот идентитет.
Тој се осврна и на повеќе случаи на напади и инциденти поврзани со лица и објекти што се поврзуваат со бугарската заедница, нагласувајќи дека, според неговото мислење, институциите реагираат селективно и без јасна завршница во постапките.
„Во Македонија не смееш јавно да се кажеш дека си Бугарин, затоа што следуваат притисоци и тепања“, изјави Каров, додавајќи дека наместо заштита, дел од припадниците на заедницата се соочуваат со обвиненија и судски процеси.
На крајот, Каров повика на еднаква примена на законите, поголема институционална заштита и отворање јавна дебата за човековите права и слободата на изразување на идентитетот.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

