09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Штипјанецот Стојанче Зарков е осуден на доживотен затвор за убиството на својата 84-годишна мајка, кое се случи во август минатата година. Според пресудата, злосторството било извршено додека обвинетиот бил во алкохолизирана состојба.
За време на судскиот процес, Зарков изјави дека не се сеќава на настанот и тврдел дека тој ден ги извршувал своите вообичаени секојдневни обврски. Во својата одбрана наведе дека се наоѓал во друга просторија кога неговата мајка почнала да вика. Кога влегол кај неа, како што рече, забележал дека ѝ тече крв од вратот.
Тој изјави дека веднаш повикал итна медицинска помош, по што на местото на настанот пристигнале полицијата и јавен обвинител.
Меѓутоа, доказите презентирани на судот ја побија неговата одбрана. Според обвинителството, Зарков при повикот до итната медицинска служба изјавил: „Ја прободев, не сакајќи, мајка ми – или ќе преживее или нема“.
Клучен доказ во постапката беше и ДНК-анализата, која недвосмислено потврди дека Стојанче Зарков е сторителот на убиството. Врз основа на сите докази, судот му изрече најстрога казна – доживотен затвор.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

