16 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Олга Дамовска, дипломиран доктор по општа медицина, преку емотивна објава на Фејсбук го отвори срцето и раскажа за реалноста што ја доживуваат многу млади здравствени работници во Македонија.
Две години по дипломирањето, таа и понатаму е без трајно вработување во струката за која се жртвувала, не поради недостиг на знаење или желба, туку – како што вели – поради тоа што нема "врски". Според неа, во системот каде приоритет имаат партиски и роднински поврзаности, трудот и знаењето се маргинализирани.
„Шест години учев – ден, ноќ, празници, додека другите излегуваа, јас дежурав над книги, вежби и пациенти. Факултетот беше тежок – и треба да биде, затоа што станува збор за човечки животи. Но, тоа што следуваше по дипломата – тоа е пекол кој не го заслужив“, пишува таа.
Со почетна плата од 25.000 до 35.000 денари, младите доктори се принудени да избираат помеѓу економска несигурност и напуштање на професијата – или, сè почесто, напуштање на земјата.
Во текот на изминатите две години, Олга работела хонорарно, на несигурни ангажмани, па дури и на работни позиции за кои не е потребно високо образование, само за да преживее. Парадоксално, таа морала да се откаже од професијата што ја сака – не поради неспособност, туку поради системот кој ја обезвреднува.
„Зошто младите си одат? Затоа што оваа земја нè учи дека не вреди да си чесен, не вреди да учиш, не вреди да си вреден, не вреди да сонуваш.“
Постот на Дамовска предизвика голема реакција на социјалните мрежи, бидејќи ја отсликува суровата реалност со која се соочуваат многумина во здравствениот сектор – особено оние кои немаат „врски“, но имаат знаење, желба и вредности.
Во време кога македонското здравство се соочува со масовно иселување на медицински кадар, сведочењата како ова не се само лични приказни – тие се аларм кој бара итна реакција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден