21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста и на социјалните мрежи изминативе денови сè почесто се појавуваат коментари и реакции од наставници и граѓани кои тврдат дека доцни исплатата на декемвриската плата за наставниците во основното и средното образование.
Според овие наводи, просветните работници, кои согласно закон платата треба да ја добијат најдоцна до десетти во месецот, и речиси десет дена по истекот на рокот сè уште немаат добиено средства на своите сметки.
Овие информации предизвикаа револт кај дел од наставниците и граѓаните, кои јавно прашуваат до каде е исплатата на нивните месечни примања и зошто повторно се соочуваат со неизвесност.
Во врска со наводите за доцнење, од Министерството за образование и наука посочуваат дека постапката за исплата на платите од нивна страна е целосно завршена. Според нивното појаснување, по завршувањето на процедурите во Министерството, надлежноста за понатамошната исплата ја преземаат општините, кои ги префрлаат средствата кон вработените во училиштата.
Од МОН додаваат дека доколку постојат информации дека во одредена општина исплатата не е реализирана, потребно е засегнатите да се обратат до локалната самоуправа.
Во меѓувреме, прашања биле упатени и до Министерството за финансии и до Државниот просветен инспекторат, но до овој момент нема официјален одговор од овие институции.
Наставниците и јавноста очекуваат брзо расчистување на состојбата и навремена исплата на заработените средства, со цел да се избегнат дополнителни тензии во образовниот сектор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

