04 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Системот за електронско следење и детекција на сообраќајни прекршоци Safe City ќе биде активиран во Куманово и Тетово до крајот на декември, најави Маја Арсовска Манов, началничка на Сектор за сообраќајни работи при Министерство за внатрешни работи.
Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, Арсовска Манов појасни дека проектот „Безбеден град“ веќе е оперативен низ целата територија на Град Скопје, каде функционира електронскиот систем за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци.
„Активиран е електронскиот систем за детектирање прекршоци во Скопје, до крајот на месецот планираме да го пуштиме и во Куманово и Тетово, а од 2026, системот ќе се прошири и ќе започне со имплементација на ниво на целата држава“, истакна таа.
Паралелно со урбаните средини, опремата е веќе поставена и по должината на Коридор 8 и Коридор 10. Од МВР посочуваат дека во секој момент се очекува да започне автоматската регистрација и на сообраќајни прекршоци и на овие два важни транспортни коридори.
Со активирањето на системот, се предвидува засилена контрола на брзината, непрописно престигнување, минување на црвено светло и други прекршоци, со што државата ќе добие централизирана платформа за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Проектот е дел од пошироката стратегија на МВР за дигитализација и намалување на човечкиот фактор во контрола на сообраќајот, со крајна цел – побезбедни патишта и намален број на жртви на национално ниво.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

