TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Дизелот поскапе за 14,5 денари – Владата засега не гледа потреба од мерки

11 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Цените на горивата во земјава бележат значително зголемување, при што дизелот поскапе за 14,5 денари по литар, а бензините за околу 5 денари. И покрај растот на цените, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов Владата не гледа потреба од прогласување кризна состојба.

Зголемувањето на цените доаѓа во период на зголемени геополитички тензии на Блискиот Исток, што влијае врз глобалните пазари на нафта. Сепак, премиерот посочи дека и покрај поскапувањето, горивата во земјава и натаму се меѓу најевтините во регионот.

„Во моментов не гледаме потреба од прогласување кризна состојба. Во регионот граѓаните кај нас имаат најевтин дизел, како и бензин од 95 и 98 октани“, изјави Мицкоски.

Зголемен интерес на бензиските пумпи

Најавата за новите цени предизвика зголемен интерес кај граѓаните, па во текот на вчерашниот ден на бензинските пумпи беа забележани поголеми гужви. Слична состојба беше регистрирана и во дел од земјите од регионот.

Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека не се утврдени злоупотреби или намерно криење на гориво.

„Констатирано е дека на околу 30 бензински пумпи биле потрошени залихите и привремено било прекинато точењето. По ново полнење на резервоарите, по еден до четири часа, тие продолжиле со работа“, изјави директорот на ДПИ, Влатко Стојковски.

Регулаторна ќе продолжи со неделни одлуки

Регулаторната комисија за енергетика и понатаму ќе продолжи да носи одлуки за цените на горивата на седумдневна основа. Засега нема планови за промена на системот со кој би се правеле дневни корекции на цените.

Во случај состојбата дополнително да се влоши, една од можните мерки за интервенција би била намалување на давачките за увоз на енергенси, вклучително и потенцијално намалување на ДДВ.

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, изјави дека УЈП не располага со пресметки колку би се намалиле буџетските приходи доколку ДДВ за горивата се намали од 18 на 10 проценти.

„УЈП е извршен орган. Проценките и мерките ги прави Владата, а ние ги спроведуваме преку законските решенија“, нагласи Петрова.

Контроли и во маркетите

Од Пазарниот инспекторат најавуваат дека од денеска ќе започнат и засилени контроли во маркетите, кај увозниците и кај дистрибутерите. Целта е да се спречи евентуално неоправдано покачување на цените на другите производи поради поскапувањето на горивата.

Премиерот Мицкоски најави и средба со претставници на трговците, со цел да се разговара за ситуацијата и да се избегне злоупотреба на состојбата преку неоправдано зголемување на цените.

Цената на нафтата над 90 долари за барел

На светските берзи цената на суровата нафта се движи над 90 долари за барел. Иако има мало намалување во однос на вчерашните вредности, цената и понатаму е повисока од периодот пред почетокот на воениот конфликт на Блискиот Исток.

Поради неизвесноста на пазарите, некои земји во регионот веќе преземаат превентивни мерки. Така, Србија привремено го забрани извозот на нафта и нафтени деривати со цел да ги обезбеди домашните резерви.

Состојбата на глобалните енергетски пазари и понатаму ќе биде клучен фактор што ќе влијае врз движењето на цените на горивата во наредниот период.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

СДСМ: Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не – владата на Мицкоски профитира од народот

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Жерновски: ЕУ предупредува на руско и српско влијание врз Македонија

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Алијанса за Албанците: Скандал во Тетовската болница – конкурсот пропадна, персоналот без плати од јануари

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Уставниот суд ги отфрли иницијативите против системот „Safe City“

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Ристески: „Гентерм“ во Прилеп ќе намалува број на работници поради модернизација на производството

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

ССМ: Зголемените цени на горивата го зголемуваат товарот врз семејниот буџет

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Алијанса за Албанците: Владата создава опасни алибија за девијација на Коридорот 8

СВЕТ
11 март 2026

Софија станува центар на дебатата за иднината на европската конкурентност

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

За 10 дена МВР регистрира 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 лице и одземени 53 возила

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Цените растат, Владата без иницијатива – ДУИ предлага мерки за заштита на семејствата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
11 март 2026

Најстариот натпис на кирилица пронајден во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Насер Селмани: Или ќе одиме во ЕУ или ќе останеме дел од српскиот свет

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

За 20 години 16.589 Турци се населиле во Северна Македонија

СПОРТ
11 март 2026

Бугарија со четворица атлетичари на Светското првенство во сала

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Инспекторатот за пазар ги истражува бензинските пумпи: ќе следуваат казни доколку има манипулации

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
11 март 2026

1,6 милиони пензионери во Бугарија ќе добијат велигденски додатоци

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Четиринаесет пријави за семејно насилство во земјава, приведени четири лица

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Петкоска: Коцкањето, брзите кредити и занемареното ментално здравје придонесуваат за насилство

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

ССМ повика на протест во сабота: „Да покажеме дека не молчиме и ќе се бориме“

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

ССМ повика на протест во сабота: „Да покажеме дека не молчиме и ќе се бориме“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Илиевска: Институциите се заробени со партизирани вработувања и неказнивост

СПОРТ
11 март 2026

Шкендија со жестока реакција: „Судиите го туркаат Вардар, ако продолжи вака – ќе одиме до УЕФА“

МАКЕДОНИЈА
11 март 2026

Скопјанец претепан од 9 години помладата сопруга

ДРУГО
11 март 2026

Денеска 11 март 2026 година се празнува Свети Порфириј, епископ Гаски

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Пукање со оружје на новогодишната ноќ во Гостивар – полицијата поднесе кривични пријави против две лица

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Села: Владата се обидува да го заобиколи Коридорот 8 и да го фаворизира „Српскиот свет“ преку Коридорот 10

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Пазарниот инспекторат: Не е утврдено криење на резерви на гориво, контролите продолжуваат

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Уапсен 52-годишен наставник од Скопје по пријава за вознемирување на ученичка

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега