14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, синоќа побара медицинска помош и беше примен во Државната токсиколошка болница, откако повеќе од 12 часа престојуваше на терен во Трубарево. Таму се одвиваа интервенциите за гаснење на големиот пожар кој избувна во фабриката за пластика.
Али активно учествувал во координацијата на пожарникарските екипи, државните институции и волонтерите кои работеа на справување со кризата. Поради долготрајната изложеност на густиот и токсичен чад, како и интензивната работа на лице место, неговата здравствена состојба се влошила, што наложило лекарска интервенција.
По извршените лекарски контроли во токсикологија, било утврдено дека состојбата на директорот е стабилна и не претставува ризик за неговото здравје. Од болницата соопштија дека тој ќе биде задржан на краток надзор како превентивна мерка.
Од Центарот за управување со кризи изразија благодарност до сите пожарникари, институции и волонтери кои работеа во исклучително тешки услови за да се локализира пожарот и да се заштитат граѓаните. Институцијата потенцира дека нивниот ангажман и пожртвуваност се клучни во справувањето со вакви кризни ситуации.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден