14 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Директор на основно училиште барал од вработените да присуствуваат на партиски митинзи, заканувајќи се дека на оние кои нема да се појават – нема да им бидат продолжени договорите за работа. Случајот го откри Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која го добила предметот од анонимен пријавувач.
Според информациите од Комисијата, директорот користел мобилна апликација преку која вршел притисок врз вработените со цел тие да присуствуваат на политички настани.
„Наводите се однесуваат на тоа дека директор на основно училиште преку мобилна апликација врши притисок врз вработените со цел нивно појавување на партиски настани. А исто така, упатува и закани до вработените ангажирани со договор на определено време дека истите нема да им бидат продолжени доколку не присуствуваат на посочените настани“, изјави членката на ДКСК, Билјана Каракошева – Шулев.
Од ДКСК информираа дека предметот е препратен до Комисијата во Јавното обвинителство која е задолжена за следење на евентуални изборни нерегуларности. Таму треба да се утврди дали постојат основи за покренување постапка против директорот.
Иако случајот предизвика јавен интерес, Антикорупциската комисија засега не открива ниту за кое училиште станува збор, ниту во која општина се случил инцидентот.
„Ќе мора прво да се консултираме со Јавното обвинителство дали објавувањето на овие информации би можело да влијае на истрагата. Ако добиеме зелено светло, одговор ќе испратиме писмено“, порачаа од ДКСК.
Новинарите побараа информација и од Јавното обвинителство, но до објавувањето на прилогот не добија повратен одговор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден