04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Свети Василиск, роднина на свети Теодор Тирон, е еден од храбрите христијански маченици од првите векови на христијанството, кој со својата непоколеблива вера и чудотворство оставил длабока трага во историјата на Црквата. Заедно со светите Евтропиј и Клеоник, Василиск го понел својот крст на страдањето заради Христа.
Евтропиј и Клеоник беа распнати и го завршија својот живот на трети март, додека Василиск повторно беше фрлен во затвор. По промената на царскиот намесник, неговото затворање се продолжи. Во таа осаменост, Василиск со солзи Му се молеше на Бога да не го лиши од честта на маченичка смрт. Господ Исус Христос, трогнат од неговата искрена молитва, лично му се јави, му вети дека ќе ја исполни неговата желба и му дозволи да се врати во родното село за да се прости со својата мајка и браќата.
Но, новиот намесник Агрипа, штом дозна за Василиск, веднаш нареди да го доведат назад од селото. На патот кон градот Амасија, преку Василиск Господ изврши големи чуда, поради што многумина од народот поверуваа во Христа. Намесникот Агрипа се обиде да го присили маченикот да принесе жртва на богот Аполон. Но, Василиск, полн со божествена ревност, рече: „Аполон значи губител!“ Со усрдна молитва го урна идолот во прав и со небесен оган целиот храм беше уништен.
Сведоци на ова чудо беа и незнабошците, меѓу кои Агрипа, кој од страв и незнаење му ги припиша на Василисковите „магиите“. Тогаш нареди да го убијат со меч. Но Бог не заврши со Својата промисла тука. Агрипа, откако го виде убиениот маченик, падна во лудило. Во своето безумие, отиде на губилиштето, зеде малку од крвта на маченикот и ја подвра под појасот. Веднаш се исцели, се врати во нормална состојба, се покаја и се крсти.
На местото каде што беше погубен маченикот – во градот Комани – еден граѓанин по име Марин подигна црква посветена на свети Василиск. Таму, преку неговите мошти, многумина болни наоѓаа исцеление и утеха.
Свети Василиск е пример за непоколеблива вера, пожртвуваност и светост, а неговата животна приказна сведочи за победата на Божјата благодат над злото и за преобразувачката сила на покајанието и вистинската вера.