24 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На денешен ден се одбележува преносот на моштите на светиот апостол Вартоломеј, еден од дванаесеттемина Христови ученици. Иако неговиот главен празник се слави на 24 јуни, денешниот ден е посветен на споменот за чудесното патување и грижата Божја за неговите свети мошти.
Свети Вартоломеј го заврши својот живот маченички во градот Албанопол во Ерменија, каде беше распнат на крст поради својата вера и проповед. Верните христијани со голема почит го погребале неговото тело во оловен ковчег. На неговиот гроб наскоро почнале да се случуваат многубројни чуда и исцеленија, што привлекло уште повеќе луѓе кон Христа. Заради тоа, незнабошците, во обид да го запрат ширењето на христијанството, го зеле ковчегот со моштите и го фрлиле во морето.
Во истиот момент, тие фрлиле уште четири ковчези со мошти на други маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј. Но, Божјата промисла се покажала посилна од човечката намера. Наместо да потонат, ковчезите чудесно отпловиле по водите и стигнале до различни краишта: моштите на свети Акакиј допловиле во Аскалус, на свети Григориј во Калабрија, на свети Лукијан во Месин, на свети Папијан во Сицилија, а моштите на свети Вартоломеј на Липарските Острови.
Липарскиот епископ Агатон, по едно таинствено божествено откровение, дознал за пристигнувањето на моштите на свети Вартоломеј. Заедно со клирот и народот, излегол на брегот и со голема радост го пречекал ковчегот. Во тој момент повторно се случиле многу исцеленија и чуда, како потврда на светоста на апостолот. Моштите биле положени во храмот посветен на свети Вартоломеј, каде што останале до времето на Теофил Иконоборецот (околу 839 година), кога Липарите биле загрозени од муслиманските напади. За да се заштитат, моштите биле пренесени во градот Беневет.
Историјата на преносот на моштите на свети Вартоломеј сведочи за Божјата промисла и славата што Господ им ја дава на Своите светии – и за време на животот, и по нивната телесна смрт.