МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Светиот апостол Ерма

13 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Свети Ерма, еден од Седумдесеттемина апостоли, е значајна фигура во раната христијанска Црква. Се спомнува во Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните (16,14), каде се потврдува неговата присутност меѓу христијаните во Рим. Иако по потекло бил Грк, голем дел од својот живот го поминал во Рим, каде што ја примил христијанската вера и се посветил на нејзиното ширење.

Ерма бил поставен за епископ во Филипопол, но неговиот живот завршил маченички, сведочејќи ја својата вера до крај. Покрај неговото пастирско и мисионерско дело, најзначаен придонес на свети Ерма е духовното дело „Пастирот“ (или „Пастир“), книга која ја напишал според Божјо откровение. Оваа книга претставува едно од највлијателните христијански дела од 2 век, широко распространето меѓу првите верници.

Животот на Ерма бил исполнет со страдање и понижување. Од некогашен богат човек, паднал во сиромаштија поради гревовите на своите синови. Сепак, токму во тие тешки мигови, Ерма добива небесна посета. На молитва му се јавува човек во бела облека со стап во рацете, кој се претставува како Ангелот на Покајанието. Тој му открива дека е испратен од Бога за да го придружува Ерма до крајот на неговиот живот и му предава дванаесет заповеди – духовни правила за живот во вера, трпение и вистина.

Овие дванаесет заповеди се:

  1. Да верува во Бога.
  2. Да живее во простота и невиност, да не злослови и да дава милостиња на секого што проси.
  3. Да ја љуби вистината и да ја одбегнува лагата.
  4. Да го чува целомудрието дури и во мислите.
  5. Да се учи на трпение и великодушност.
  6. Да знае дека секој човек е придружуван од еден добар и еден зол дух.
  7. Да се плаши од Бога, а не од ѓаволот.
  8. Да прави секакво добро и да се воздржува од зло.
  9. Да Му се моли на Бога од длабочината на душата со вера.
  10. Да се чува од тагата, која е сестра на сомнежот и гневот.
  11. Да ги испитува вистинитите и лажните пророштва.
  12. Да се чува од секоја зла желба.

Овие заповеди не се само поука за свети Ерма, туку и вечни духовни принципи за секој христијанин. Неговата поука за покајание, духовна будност и постојана молитва останува актуелна и денес, како сведоштво за Божјата милост кон оние што се каат искрено и со вера.

Свети Ерма се прославува како маченик и духовен писател, а неговото дело „Пастирот“ останува светилник во историјата на ранохристијанската книжевност.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени