28 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во третиот квартал од 2025 година, Северна Македонија забележува поголем број на смртни случаи отколку живородени деца, што укажува на продолжување на негативниот демографски тренд.
Според официјалните податоци објавени од Државен завод за статистика, регистрирани се 4.431 живородени деца во овој период. Во споредба со истиот квартал минатата година, бројот на раѓања бележи пораст од 3,7 проценти, што претставува позитивна промена во однос на претходниот период.
Во исто време, во земјата се регистрирани 4.849 смртни случаи. И покрај тоа што бројот на смртни случаи бележи мало намалување од 0,5 проценти, сѐ уште ја надминува бројката на новородени деца. Поради ова, природниот прираст останува негативен и изнесува -418 лица, што значи дека за толку е помал бројот на живородени во однос на бројот на смртни случаи.
Статистичката институција исто така потсетува дека негативниот природен прираст во истиот период минатата година бил -604 лица, што укажува дека годинава ситуацијата е нешто подобрена, но сепак загрижувачка.
Во однос на наталитетот и морталитетот, регистрирани се само 17 мртвородени деца во третиот квартал од 2025 година, додека во истиот период минатата година биле 21.
Бубашваби на мени секој ден за учениците во интернатот „Здравко Цветковски“
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

