22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На трибината „Македонија понижена – Една година Влада“, членот на СДСМ, Агрон Демири, упати остри критики кон актуелната Влада, посочувајќи дека економската состојба во земјата е алармантна и понижувачка за мнозинството граѓани.
„Како млад човек, очекував дека Македонија ќе стане горда држава. Наместо тоа, станавме понижени – тоа е реалноста,“ изјави Демири. Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не покажала никаква политичка волја за економски напредок, додека граѓаните се соочуваат со се поголеми тешкотии.
Демири истакна дека повеќе од 70% од вработените во Македонија живеат со месечна плата под 500 евра, што според него е поразителна статистика. Минималната плата во земјата изнесува 360 евра, а тоа, како што вели, е резултат на политики кои СДСМ ги спроведувал со години наназад.
„Со 500 евра не можеш да преживееш месец дена, ни за основната потрошувачка кошничка. Тоа го знае секое домаќинство,“ додаде тој.
Тој остро го критикуваше и изборот на гувернерот, за кого рече дека „не верува во зголемување на минималната плата“, а посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди решенија, туку продолжува со пракса на партиски вработувања и економско задолжување.
СДСМ, според Демири, поднесе конкретен предлог за покачување на минималната плата, но наиде на ѕид на игнорирање и отсуство на поддршка. „Ова не е прашање на пари – ова е прашање на волја. А волја кај ВМРО-ДПМНЕ нема,“ рече тој.
Дополнително, Демири алармираше дека куповната моќ на граѓаните е опадната за повеќе од 20%, додека трошоците за живот пораснале за 3,3% во последните 12 месеци. „Овие бројки не се само статистика – ова е секојдневната реалност на нашите луѓе,“ рече тој.
Завршувајќи го своето обраќање, Демири порача: „Годинава беше година на молк – но СДСМ не молчи. Ние зборуваме со факти и бројки. Се бориме – за достоинство, за еднаквост, за подобра економија. Македонија заслужува повеќе.“