18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
По појавата на дезинформации во некои медиуми и на социјалните мрежи дека во Кавадарци се реализирал проект за „тренирање на магариња“, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ излезе со официјален демант и појаснување околу своите активности.
Училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци соопшти дека станува збор за два одобрени и финансирани проекти во рамките на програмата Erasmus+. Првиот проект е насочен кон практична обука на ученици и наставници во земји од Европската Унија, со цел стекнување нови знаења и вештини во земјоделско-ветеринарната област.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилности одобри проект кој овозможи 35 ученици и 5 наставници од „Ѓорче Петров“ да престојуваат две недели во Иваниќ Град, Хрватска. Таму се спроведе практична настава за грижа и здравствена заштита на копитари – коњи и магариња.
Обуката беше поделена во четири модули:
„Ова не значи тренирање на магариња, туку стекнување стручни и претприемачки вештини кај учениците, со цел да се зголеми нивната вработливост и да се развијат идеи за сопствен бизнис,“ појаснуваат од училиштето.
Покрај оваа обука, училиштето е носител и на проект со краток назив „Избери сирење“, кој опфаќа теоретска и практична обука за производство на млечни производи. Во проектот учествуваат партнери од Македонија, Хрватска и Грција.
Планирани се три циклуси на обуки:
Проектот има вкупен буџет од 125.068 евра, а целта е да се поттикнат младите да развиваат локално производство и нови производи кои можат да се пласираат и како туристички бренд.
Од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ нагласуваат дека нивните проекти се дел од европските образовни програми за модернизација на наставата, а не „тренинг за магариња“, како што неточно беше објавено. Наместо тоа, учениците добиваат вредни знаења и практични вештини во сточарството, млечната индустрија и претприемништвото – знаења што ќе им користат во идната кариера.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден