04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Дарко Златев, еден од преживеаните во трагичниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати јавен апел до државните институции, медиумите и пошироката јавност. Со длабока болка, тој ја сподели личната трагедија и ги повика надлежните конечно да ја преземат својата одговорност.
„Во пожарот ја загубив мојата внука од сестра. Заедно со неа, животот го загубија уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати и повеќе од 200 повредени. Ова не е само бројка – ова е болка, ова е срам,“ пишува Златев.
И покрај големината на трагедијата, тој посочува дека ниту еден претставник од Владата не ги посетил ниту повредените, ниту семејствата на загинатите. Нема никаква институционална поддршка – ниту психолошка, ниту медицинска, ниту материјална.
„Сѐ што добивме се донации од хумани луѓе. Државата не обезбеди ниту обични креми за раните, а камоли сериозна медицинска грижа. Опремата во физикалната терапија – двете маси за вежбање – исто така се донации. Без нив просториите беа празни!“
Златев беше пренесен на лекување во Белград, каде, како што вели, лично бил посетен од српскиот премиер Александар Вучиќ, кој пружил поддршка и охрабрување. Овој гест, според него, ја истакнува уште посилно апатичноста на македонските институции.
„Кај нас? Ни збор. Ни чекор. Ни посетa. Ни правда. Ни одговорност.“
Во својот апел, Златев поставува неколку клучни прашања што одекнуваат низ целата јавност:
Затоа, тој и останатите погодени од трагедијата бараат:
„Ова не е само наша болка – ова е срам за една цела држава,“ завршува Златев.
Неговиот апел е потсетник дека трагедијата не завршува со гаснењето на пожарот – таа продолжува секој ден преку молкот на институциите и болката на преживеаните. Државата мора да покаже дека знае што значи одговорност, сочувство и правда.