TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Дали Владата ги излажа камионџиите: ЕУ ги одби предлозите возачите да се прифатат како професионалци

16 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Европската комисија официјално ги одби сите предлози доставени од превозниците од земјите од Западен Балкан за изнаоѓање компромис околу ограничувањето на престојот во Шенген зоната според правилото 90 дена во период од 180 дена. Од Брисел јасно порачаа дека ова правило останува непроменето и дека нема да има посебни исклучоци за професионалните возачи.

Со ова практично се потврдува претходната позиција на Европската комисија, против која транспортните компании организираа координирани протести и блокади на товарните гранични премини кон земјите од Шенген зоната. Меѓу блокираните премини беа Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.

Контрадикторни пораки од Владата

На 29 јануари годинава, министерот за транспорт Александар Николоски објави дека добил „одлични вести“ од Брисел во врска со проблемот со кој се соочуваат македонските превозници.

„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи“, соопшти тогаш Николоски.

Во документот што го објави министерот се наведува дека Европска комисија ќе соработува со земјите членки за да се изнајдат прагматични решенија со цел да се овозможат продолжени краткорочни престои за одредени категории државјани на трети земји.

По оваа објава, истата вечер беа суспендирани блокадите на граничните премини. Од Владата беше соопштено дека Комисијата ќе се обврзе да процени можни корективни мерки за превозниците од Западен Балкан.

Брисел со јасна порака: Нема исклучоци

Сепак, најновата потврда од Европската комисија покажува дека нема да има специјални измени на правилото 90/180 за превозниците. Наместо тоа, тие ќе мора да се прилагодат на постојниот режим на престој во Шенген зоната.

Оваа позиција директно ја доведува во прашање изјавата дека возачите се „прифатени како професионалци“ во контекст на посебен режим на престој.

Проблемот со новиот EES систем

Главниот аргумент на превозниците, претставени од Асоцијацијата „Макам транс“ и други здруженија од регионот, се однесува на новиот Entry/Exit System (EES). Станува збор за дигитален систем на Европската унија кој прецизно ги евидентира деновите на влез и излез на државјани од трети земји во Шенген зоната.

Според превозниците, со строгото броење на деновите, професионалните возачи практично ќе можат да работат само околу 15 дена месечно во рамки на Шенген зоната, што сериозно ја нарушува економската одржливост на транспортните компании.

Тие не бараат повластен третман, туку, како што велат, да бидат третирани како работници во извршување на меѓународен транспорт, а не како туристи кои престојуваат во Шенген зоната за приватни цели.

Отворени прашања

Останува отворено прашањето дали Владата погрешно ги интерпретирала сигналите од Брисел или јавноста била прерано информирана за наводен успех. Факт е дека конечната позиција на Европската комисија не предвидува конкретни олеснувања, што повторно ги става превозниците пред сериозен оперативен и финансиски предизвик.

Во меѓувреме, транспортниот сектор очекува појаснување од институциите – дали и какви дополнителни чекори ќе бидат преземени за да се амортизира ударот од примената на правилото 90/180 врз професионалните возачи од регионот.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

СДСМ: 74 тендери за една фирма за две години – власта под сомнеж за наместени јавни набавки

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

СДСМ обвинува: Се формира нова „сателит-партија“ на ВМРО – „Српска демократска лига“

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

МВР: Уапсена полицајка и 35-годишник по тепачка и закани со службен пиштол во Трубарево

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Скопјанка осомничена за посредување во проституција во Тетово, 60-годишен тетовец ѝ помагал

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

16 февруари 2026 година: Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
16 февруари 2026

Бугарија заинтересирана за грчкиот систем за заштита од дронови „Кентаврос“

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

СДСМ: Кој е одговорен за 5 тони дрога преку граница и „40 стадиони“ марихуана?

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп – семејството апелира за помош

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Корубин: Тезата за „загрозен идентитет“ е злоупотреба што ја поткопува државата

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Таравари: Ќе има предвремени парламентарни избори, но неизвесно е кога

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Во новата трговска рамка со САД, владата не обезбеди целосен реципроцитет

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

ЕУ инвестира милиони за почист воздух, но напредокот во Северна Македонија останува слаб

СПОРТ
16 февруари 2026

Седмо место за Бугарката во потерата на 10 км – историски резултат по две децении

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Егзодусот продолжува: Хрватска вработила речиси 12.000 македонски државјани

СВЕТ
16 февруари 2026

ЕУ ги отфрли предлозите на превозниците од Западен Балкан

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
16 февруари 2026

Зеленски: 90% од Украинците се против избори за време на војна

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Бошков: Непродуктивноста се користи како флоскула за да не се зголеми минималецот

ДРУГО
16 февруари 2026

Денеска 16 февруари 2026 година се празнува Свети Симеон Богопримец

СВЕТ
15 февруари 2026

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина од најмалку 3 евра за малите онлајн пратки

МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

Селмани: Се плашиме од Бугарија, а не гледаме што прави Турција

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
15 февруари 2026

СДСМ го осуди однесувањето на Вучиќ кон Шекеринска: Пример за шовинистички политички речник

СВЕТ
15 февруари 2026

Урсула фон дер Лајен: „Еден за сите, сите за еден“ во одбраната на Европа

МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

Селмани: Нема трета опција – или ЕУ, или српски свет

МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

Саше Политико: Во најжестоката битка со Груевци, Шилегов ми даде стара тастатура

МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

Шекеринска: НАТО останува гарант на стабилноста на Западен Балкан, политичкиот дијалог е незаменлив

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

УЈП: Се приближува рокот за пријавување доход од странство остварен во 2025 година

МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

Шекеринска: НАТО не учествува во иницијативата за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб

МАКЕДОНИЈА
15 февруари 2026

Владата попушта: Забраната за пушење ќе се применува фазно наместо од 1 март?

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега