13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Продолженото енормно загадување на воздухот во Скопје, предизвикано од пожарот на депонијата „Дрисла“, повторно ја отвори темата за сериозните последици врз здравјето на луѓето. Доктор Ненад Лазаров, преку објава на социјалните мрежи, посочи на конкретните отрови кои се ослободуваат при вакви пожари и нивното долгорочно влијание.
„Освен акутниот ефект од чадот, главната опасност кога ќе се запали депонија во близина на населено место е ослободувањето на диоксини, фурани и тешки метали, како што се олово и кадмиум, кои се канцерогени, мутагени и исклучително токсични за здравјето на луѓето“, пишува д-р Лазаров.
Овие материи, вели тој, навлегуваат преку воздухот и потоа се таложат во масните ткива и црниот дроб. Последиците можат да бидат сериозни: акутни и долготрајни респираторни, невролошки и ендокринолошки нарушувања. Особено изложени на ризик се децата, постарите и хронично болните лица, а посебно ранлива категорија се трудниците.
Голем проблем претставува продолжениот ефект и по завршувањето на пожарот. Овие соединенија се хемиски стабилни, отпорни на разградување и имаат способност да се акумулираат долготрајно и во животната средина и во човечкиот организам. Тоа значи дека опасноста не завршува со гаснењето на огнот, туку продолжува со месеци, па дури и години.
Докторот потсетува дека една од мерките за лична заштита е користење на специјални маски. „KN95 маските се измислени за ова“, додава тој, алудирајќи дека стандардните хируршки или памучни маски не обезбедуваат доволна заштита од овие микроотрови.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден