македонија09 февруари 2025 Д-р Беќаровски: На Тик Ток се шири опасен предизвик
Земање на големи дози на парацетамол е последниот опасен предизвик за младите што се шири на Тик Ток, предупредува д-р Нико Беќаровски на неговиот фејсбук профил, објави Фактор.
„Од почетокот на оваа година на платформата ТикТок кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, ВНЕСУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ДОЗИ ПАРАЦЕТАМОЛ !!!!!
Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови.
Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб.20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување.
Секоја година 30-50% од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради ТРУЕЊА СО ОВОЈ ЛЕК !!!!
ЗАТОА КОНТРОЛИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА, ПРЕД ДА НИ СЕ СЛУЧИ НОВА ТРАГЕДИЈА !!!
Ако сепак се случи труење а не се поминати 2-4 часа веднаш дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и веднаш побарајте лекарска помош. Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот.“, напиша Беќаровски на фејсбук.