Цвеќе за окупаторите, плуканица за ВМРО – Дали градоначалникот на Валандово заборави кој се бореше за Македонија?
Вчерашното одбележување на настанот познат како „Валандовски покољ“ од страна на српски претставници повторно ја отвори болната и нерешена тема за историската вистина во Македонија. Според српската нарација, војниците кои загинале во овој настан биле жртви на бугарски "бандити“ – при што се алудира на борците од Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Но, дали ова е објективна историја, или пак обид да се прикаже окупаторот како жртва, а ослободителот како терорист?
Според историските извори, „Валандовската акција“ е спроведена од локални Комити од Македонија, припадници на ВМОРО, кои се бореле против српската окупација на територијата на Македонија по Балканските војни. Ова не било терористичка акција, туку дел од отпорот против странска власт
Важно е да се истакне дека во оваа акција во 1915 година учествувал и Христо Делчев, брат на Гоце Делчев истакнат револуционер и војвода во Кукушко. Неговиот придонес во борбата за слободна Македонија е докажан и документиран. А денес? Денес, истиот тој Христо е наречен бугарски :терорист“, додека тие што ја окупирале Македонија – српските војници – се слават со венци, говори и државни почести.
Сите кои имаат барем основно разбирање од балканската историја знаат дека Бугарија влегува во Првата светска војна дури една година подоцна од овој настан. Тоа автоматски ја исклучува можноста да се говори за некаква организирана бугарска воена акција – ова бил отпор на месното бугарско население против српската војска, која во тој период се обидувала да ја консолидира својата власт врз територии што никогаш не ѝ припаѓале органски.
Но, уште поапсурдно е што градоначалникот на Валандово јавно положува цвеќе на гробовите на окупаторски војници, при тоа не разјаснувајќи дали тоа го прави во име на помирување или како чин на признавање на тие војници како ослободители. Тоа е потег што ја навредува историската вистина и борбата за ослободување на Македонија, треба да напомениме дека ВМРО е државен празник на С. Македонија.
Никој не спори дека секоја загуба на човечки живот заслужува почит. Но, лажењето над гробовите на паднатите – особено кога тие биле дел од окупаторска сила – е навреда и за нив и за народот кој се борел против нивната власт.
Историјата не смее да се фалсификува за дневнополитички поени. Повикувањето на патриотизам додека се релативизираат улогите на окупатори и ослободители не е ништо друго освен замајување на јавноста и обид за рехабилитација на една стара, но опасна, пропагандна нарација.