18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Иако становите во другите градови низ државата се значително поевтини, сепак најголемиот дел од граѓаните купуваат станови во Скопје. Причината е нерамномерниот регионален развој: луѓето од внатрешноста доаѓаат во главниот град за работа, образование, здравствени услуги и други потреби што не можат да ги добијат дома.
Градежниот експерт Никола Велковски за „Локално“ изјави дека без рамномерен развој, цела Македонија ќе се префрли во Скопје.
„Во Виница, Ресен, Делчево нема доволно вработувања, средни училишта, факултети, ниту соодветна инфраструктура. Луѓето ги продаваат имотите таму и купуваат станови во Скопје. Поради големата побарувачка, цените нагло пораснаа – денес во Скопје не може да се најде ни стар стан под 1.700 евра за квадрат“, вели Велковски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден