македонија30 октомври 2024 ЦУК: Во последното деноноќие десет пожари на отворено
Во последното деноноќие имало регистрирано десет пожари на отворено на територија на цела држава. Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 12:30 до 6:05 часот, со едно возило гаснеле пожар на отворен простор во атарот на скопското село Брест. Пријавата била од службено лице на ЕВН Македонија. За пожарот биле известени БППЗ на Град Скопје, Општина Чучер Сандево и ЈП „Национални шуми“.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), скопските пожарникари вчера, од 15:45 до 16:35 часот, гаснеле запалено ѓубре и гуми во населбата Долно Лисиче кон село Јурумлери. Двајца пожарникари од ТППЕ Битола вчера гаснеле запалено стрниште, ниска вегетација и шталско ѓубре од добиток и во изминатото деноноќие имале уште две помали интервенции во градот и околината.
ТППЕ Струмица синоќа, од 18:30 до 20:15 часот, гасела запалена силна маса и дрвја околу Габровски водопади (Општина Струмица), а ТППЕ Гевгелија од 18:00 до 20:00 часот гасела запалени капини и трски во месноста „Ачикот“ кај село Николиќ, Општина Дојран.
Двајца пожарникари од ТППЕ Кочани вчера со едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште во атарот на селата Чешиново и Облешево (Општина Чешиново Облешево), а вчера интервенирале со возило и со механизација на затрупување на запалената депонија кај Кочани.
ТППЕ Виница во изминатото деноноќие имале две помали интервенции на запалени ниви.
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.789 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,33 отсто, а 37,67 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 71,25 отсто, кон итната медицинска помош 21,25, а кон пожарникарите 4,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.