07 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Пожарот кој веќе неколку дена беснее на територијата на Општина Чучер Сандево сè уште е надвор од контрола, и покрај интензивните воздушни интервенции, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Состојбата на терен е сериозна, а напорите за справување со огнената стихија се отежнати поради неповолните теренски и временски услови.
Во текот на денешниот ден, сите расположливи институции и служби, меѓу кои и екипите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, како и доброволци и локални жители, беа ангажирани во гаснењето на пожарот.
Дополнителна загриженост предизвикува новиот пожар кој е регистриран во атарот на село Кучевиште. Овој пожар зафаќа голема површина и е во непосредна близина на куќи, што ја зголемува опасноста за населението и имотите.
Голема е вознемиреноста кај жителите од општината, особено во селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда и Бутел, каде што чадот од пожарите се чувствува интензивно.
Во утринските часови денес беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето беше активиран уште еден воздухоплов. Од ЦУК изразуваат надеж дека временските услови ќе придонесат за делумно смирување на пожарот во текот на ноќта, што би овозможило поефикасно дејствување утре.
За утре е планирано акциите да започнат рано, уште во 5 часот наутро, со максимален ангажман на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина. Ќе биде обезбедена и поддршка од два воздухоплова на МВР. Екипите ќе останат на терен и во вечерните часови, прилагодувајќи ги интервенциите според приоритетите и потребите на ситуацијата.
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
СДСМ:Владата манипулира со бројките за извозот – економијата всушност назадува
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден