14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
По големиот пожар што избувна во фабриката за електронски отпад во скопската населба Трубарево, токсикологот д-р Андон Чибишев предупреди на сериозни последици по здравјето на граѓаните.
Според него, при горење на електронски отпад се ослободуваат големи количини екстремно токсични гасови и честички. Меѓу нив се јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, флуороводород, како и пареи од тешки метали – олово, жива, кадмиум и арсен.
„Овие соединенија имаат силно токсично дејство и можат да предизвикаат акутни, но и долгорочни здравствени проблеми“, предупреди Чибишев преку објава на својот Фејсбук профил.
Токсикологот потенцираше дека најголема опасност постои за децата и бремените жени, но и за лицата кои веќе страдаат од хронични заболувања – срцеви, белодробни или малигни. Овие категории на население се особено чувствителни на загадувањето и можат да почувствуваат сериозни последици и при краткотрајна изложеност.
За да се намали ризикот, Чибишев упати конкретни совети до граѓаните:
„Апелирам на внимателност и придржување кон овие мерки, бидејќи здравјето мора да биде приоритет“, додаде тој.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден