14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Четири лица се повредени во големиот пожар што повеќе од 15 часа беснееше во рециклаторниот центар на компанијата „Ф-Групација“ во скопското село Трубарево. Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева на денешната прес-конференција, пожарот, кој избувна вчера околу 13:30 часот, утринава конечно е ставен под целосна контрола.
Според официјалните информации, огнената стихија започнала во штала која служела за складирање на отпадна електрична и електронска опрема, вклучително и батерии и акумулатори. Поради лесно запалливите материјали, пламенот брзо се проширил кон околните објекти, предизвикувајќи густ црн чад кој ја прекри целата скопска котлина и предизвика вознемиреност кај населението.
За состојбата на повредените граѓани повеќе детали ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу, кој за денеска во 13 часот најави прес-конференција.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека со големи напори е спречено ширењето на огнот кон погони каде што се складирала отпадна пластика. Според него, навремената интервенција спречила сценарио со далеку потешки последици.
Паралелно со гаснењето, Јавното обвинителство започна истрага за причините и последиците од пожарот. Веднаш била ангажирана Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата, која извршила мерења за евентуална токсична контаминација на воздухот. Првичните резултати се доставени до обвинител, а се очекуваат и анализи од Министерството за животна средина.
Обвинителството најави обезбедување на целата документација на „Ф-Групација“. Воедно, потенцираше дека поради небезбедни услови, увид на лице место во опожарениот објект засега не е можен. Локацијата останува под полициско обезбедување.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден