09 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Куманово избувна нов политички скандал откако група членови, симпатизери и граѓани објавија јавна петиција со која се спротивставуваат на можната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски на локалните избори во 2025 година.
Петицијата, објавена на фејсбук страницата „Кумановска Горила“, остро ја критикува досегашната работа на Димитриевски, кого го нарекуваат „независен“ партнер на ВМРО, но без конкретни резултати во интерес на граѓаните. Потписниците тврдат дека во изминатите четири години Куманово останало „запуштено, со нефункционални објекти, празни ветувања и симболична инфраструктура“.
Според текстот, социјалната правда, урбаното уредување и локалниот економски развој не помрднале „ни милиметар“, а ниту еден значаен проект во коалициска соработка не бил реализиран. Наместо тоа, петицијата обвинува за „блокади, популизам и злоупотреба на институциите за личен пи-ар“.
Авторите тврдат дека од постојната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето на Димитриевски – ЗНАМ – директно профитираат само неколку поединци, опишани како „преговарачки тим“ кој ужива привилегии и бенефиции. „Тоа не е партија, тоа е приватен договор на 3-4 политички пудлици“, се наведува во текстот.
Потписниците бараат партијата да излезе со сопствен кандидат за Куманово, кој ќе биде поддржан од членството, а не од „пазарења зад грбот на активистите“. Тие порачуваат дека Куманово „не е ничија сопственост“ и дека не прифаќаат да бидат „политичка валута во размена за функции“.
Петицијата останува отворена за сите членови, активисти и граѓани кои сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да има „достоинствен, чесен и свој пат“ во Куманово.
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода