03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во време кога надежта за обнова на вредностите и духовниот живот често изгледа како далечна илузија, постојат поединци кои со своето дело сведочат дека доброто, посветеноста и пожртвуваноста не се само идеали – туку реалност.
Да оживееш стари, напуштени манастири и да ги претвориш во светилишта на духовна утеха. Да основаш кампови за деца и младинци каде ќе учат за верата, љубовта и човечноста. Да собереш над 50 монаси и монахињи и да создадеш духовна заедница со исклучително влијание. Да отвориш центар за рехабилитација и лекување на зависници во Бигорскиот манастир, враќајќи живот и надеж таму каде што многумина веќе се откажале.
Да формираш хорови, да возобновиш традиции, да донесеш семејства назад во Македонија – некои од странство, некои од темни патеки на животот – само затоа што виделе дека тука нешто функционира. Да бидеш монах 30 години. Да бидеш викарен епископ 5 години. Да го живееш Евангелието преку секојдневна љубов и служба.
И покрај сето тоа – да не бидеш ни предложен како кандидат за Митрополит во Епархијата каде што делуваш три децении, каде што народот те сака и поддржува...
Ова не е само неправда – ова е сигнал што одекнува опасно: дека дури и кога нешто функционира, ние не знаеме да го препознаеме, да го цениме, да го сочуваме.
После вакви одлуки, младите нема само да се колебаат дали да останат во Македонија – тие што веќе се вратиле, ќе се прашаат дали направиле вистинскиот избор.
Оваа чудесна земја, нашата Македонија, е богата со потенцијал и душа – но ако не знаеме да го цениме она што е вредно, како ќе очекуваме благослов?
Дедо Стефан – исполни ја волјата на народот.
Овие зборови се излеани од срце. Од народот кој гледа, кој знае, кој чувствува. Од верникот кој не плаќа за венчавка или крштевка, туку добива благослов. Од оној кому се помага кога е во болка, без да се брои дали е лево или десно, стар или млад, сиромав или богат.
Љубовта е единствениот критериум. Службата кон сите – мерило на вредноста.
ДОСТОЕН. ДОСТОЕН. НАЈДОСТОЕН.