МАКЕДОНИЈА

Бугарско здружение од Битола финансирано од бугарската амбасада организираше тениски турнир

17 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На 14 и 15 јуни во градот Петрич се одржа возвратниот тениски турнир под мотото „ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“, во организација на бугарското здружение од Битола, со финансиска поддршка од Амбасадата на Република Бугарија, преку официјален проект. Овој настан претставува значаен чекор во унапредувањето на пријателските односи и соработката меѓу младите од двете страни на границата.

Свеченото отворање на турнирот беше збогатено со поздравни говори од повеќе истакнати личности: г. Димитар Чолев, претставник на Општина Петрич задолжен за спортот; г. Љупчо Јошевски, претседател на здружението „Балкански Мост“; г. Георги Црномаров, претставник на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола, како и тренерите на тениските клубови од двете земји.

Здружението искажа особена благодарност до градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, и до градоначалникот на Општина Петрич, г. Димитар Брчков, за нивната поддршка и препознавање на искрената заложба за добрососедство, дружење и позитивна комуникација помеѓу младите. Младите учесници на турнирот добија подароци кои со голема радост си ги разменија едни со други – гест што го симболизираше духот на пријателството.

На турнирот немаше прво, второ или трето место – сите учесници беа прогласени за победници. Со тоа, младите ни одржаа важна лекција за пријателство, љубов и соживот, и не потсетија дека спортот е мост што поврзува и гради доверба.

Организаторите од бугарското здружение од Битола со гордост истакнаа дека и самите се чувствуваат како победници – затоа што, и покрај сите предизвици, успеаја да ја реализираат оваа благородна иницијатива. Турнирот беше организиран успешно и ги постави темелите за нова традиција, со уште поголема енергија и ентузијазам за следната година.

На крај, упатена беше искрена благодарност до покровителите: Амбасадата на Република Бугарија, Генералниот конзулат во Битола, како и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија – за нивната доверба, поддршка и визија за регионално пријателство.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени