МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот премиер дециден: Без Бугари во Уставот – нема напредок кон ЕУ

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска од Брисел испрати јасна порака до Скопје – Бугарија не поставува нови услови за европскиот пат на Македонија, но очекува доследно исполнување на веќе договореното, односно уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени како заедница во македонскиот Устав.

Пред почетокот на Европскиот совет, Жељазков во разговор со неговиот португалски колега и претседател на Советот, Антонио Кошта, го образложил ставот на Софија. Според информациите на бугарската агенција БГНЕС, тој ја потврдил позицијата дека Бугарија останува конструктивна, но инсистира на спроведување на компромисот од 2022 година како единствен предуслов за напредок на Скопје кон ЕУ.

„Како мудра членка на ЕУ, покажуваме воздржаност во однос на провокациите од страна на колегите од Скопје, кои можеби се мотивирани од претстојните избори во земјата. Но, нашата позиција останува принципиелна – уставни измени со вклучување на Бугарите како заедница се неопходни“, изјави Жељазков.

Тој истакна дека процесот нема да се претвори во билатерално прашање, туку ќе остане рамка во односите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Позицијата на Бугарија, рече тој, е целосно усогласена со мајската декларација на бугарското Народно собрание, во која се наведува дека нема да има дополнителни услови освен тие што веќе се договорени.

Премиерот се осврна и на изготвениот извештај за Македонија во Европскиот парламент, оценувајќи дека темите за идентитетот и јазикот се користат за одвлекување внимание од суштинските прашања – уставните измени и човековите права.

„Не поставуваме нови услови. Бараме само почитување на договорот од 2022 година. Тоа е клучот за отворање на преговарачкиот процес“, нагласи Жељазков.

Според него, претседателот Кошта го уверил дека Европскиот совет ќе остане доследен на компромисот од 2022 година. Бугарскиот премиер побарал и поддршка во справувањето со говорот на омраза кој, како што рече, не придонесува за добрососедски односи и е пречка во дијалогот.

На крајот, тој потсети дека наесен се очекува нов извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, а конечните заклучоци на Советот до крајот на годината ќе зависат токму од исполнувањето на овие обврски.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени