МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени ставот за преговорите на С. Македонија со ЕУ

08 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Австрија нема да го промени својот став во однос на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георги Георгиев. Тој лично разговарал со својот австриски колега за прашањето на преговорите и го добил уверувањето дека нема отстапување од досегашната позиција на Виена.

Министерот Георгиев во изјава за бугарската национална телевизија БНТ потенцираше дека Австрија останува цврсто на ставот дека Скопје мора да ги исполни поставените критериуми, вклучително и уставни измени, пред да започнат формалните преговори за членство. Тој нагласи дека нема простор за политички компромиси кога станува збор за европските вредности и критериуми.

На прашањето дали Бугарија можеби се согласила да „ослободи“ зелено светло за С. Македонија во замена за нешто друго, Георгиев категорично ги отфрли таквите тврдења.

„Тоа не е само шпекулација, туку груба и тешка лага. Во други земји за вакви обвинувања може да се бара и правна одговорност. Никогаш не сме тргувале со националниот интерес,“ изјави Георгиев.

Тој додаде дека, иако е можно Северна Македонија да бара поддршка од Австрија за заобиколување на т.н. француски предлог, тоа не значи дека ќе ја добие. „Нема отстапување, ниту еден сантиметар од она што РСМ мора да го направи,“ истакна Георгиев, додавајќи дека европскиот консензус мора да се почитува.

Изјавите од македонска страна, според Георгиев, често се дел од внатрешно-политичка агенда и не секогаш ја одразуваат реалната дипломатска слика.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени