19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
На 17 декември 2025 година, во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, традиционално се одржа свечен настан по повод претстојните Божиќни и Новогодишни празници. Настанот беше отворен од директорката на БКИЦ – Скопје, г-ѓа Антонија Велева, која ги поздрави присутните и ја истакна важноста на празничниот дух, културната соработка и детската креативност.
Во рамките на свеченоста беше претставена изложбата „Да биде светлина“, реализирана од здружението Spiritual Mirror Association / Духовно огледало и Детскиот арт центар „ВИДИМА“ од Севлиево. Изложбата опфати 43 икони и иконостас изработени од папие-маше и хартиена пластика, создадени со учество на три креативни школи и деца од различни возрасни групи. Делата ја отсликуваат детската имагинација, духовните вредности и симболиката на светлината како носител на надеж и добрина.
Празничната програма беше збогатена со настап на учениците од бугарското училиште БНУ „Здравеј“ – Академија за иновативно образование, кои преку музика, рецитации и сценски изведби ги претставија бугарските божиќни обичаи и традиции, приближувајќи ја празничната култура до публиката.
Кулминацијата на вечерта, како и секоја година, беше појавата на Дедо Мраз, кој ги израдува најмладите со подароци обезбедени со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Неговото присуство создаде дополнително празнично расположение и донесе многу радост, смеа и топлина меѓу децата.
БКИЦ – Скопје упати искрена благодарност до Амбасадата на Република Бугарија за континуираната поддршка, а особено до амбасадорот Желјазко Радуков за неговата посветеност и ангажман во улогата на Дедо Мраз, со што значајно придонесе празникот на децата да биде незаборавен и исполнет со вистински празничен дух.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

