02 февруари 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот медиум Actualno.com објави статија со наслов „Да ја отречеш сопствената сопругата: Сопругата на македонскиот премиер е Бугарка“, во која се тврди дека располага со официјални документи поврзани со семејството на сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Роза Мицкоска.
Според објавата, станува збор за „удостоверение за бугарско потекло, автобиографија и декларација“ на Стефица Јанева – сестра на Роза Мицкоска, која е бугарска државјанка по основ на докажано бугарско потекло.
„Actualno.com располага со документ за бугарско потекло, автобиографија и изјава од Стефица Јанева – сестра на Роза Мицкоска, сопруга на Христијан Мицкоски.“
Во декларацијата, како што пренесува медиумот, стои:
„Мајка ѝ, татко ѝ, нивните деца, вклучително и нејзината сестра, се Бугари.“
Оваа објава доаѓа по неколку месеци откако бугарски медиуми пишуваа дека семејството на сопругата на премиерот се бугарски државјани по основ на докажано бугарско потекло.
Написот директно го поврзува овој личен аспект со неодамнешната изјава на премиерот од собраниската говорница дека нема да поддржи уставни измени со кои Бугарите би се внеле во Уставот како призната етничка заедница — услов за напредок во евроинтегративниот процес.
„Минатата недела северномакедонскиот премиер Христијан Мицкоски уште еднаш покажа неподготвеност за вистински почеток на преговорите… изјави дека нема да поддржи измени на македонскиот устав кои би им гарантирале на Бугарите во земјата исти права какви што имаат другите признати етнички заедници.“
Според медиумот, аргументите на премиерот се:
„изместување на фокусот од конкретните обврски преземени од Скопје кон надворешни обвинувања што не водат до институционален напредок.“
Најостриот дел од написот е насочен кон, како што се наведува, личната димензија на прашањето.
„Така се наметнува неизбежното прашање: како премиерот на Северна Македонија ги негира правата на сопствената сопруга и зошто одбива да ги признае правата на нејзиното семејство – луѓе со јасно изразен бугарски идентитет? Политичката линија влегува во директен судир со личната реалност.“
Медиумот нагласува дека прашањето не е дали е „добро“ или „лошо“ да се биде Бугарин, туку зошто, според нив, постои јаз меѓу јавната политика и семејната реалност.
Во написот се споменува и односот на Мицкоски со српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Едно од објаснувањата за оваа позиција се сѐ повидливите зависности на Мицкоски од српскиот претседател Александар Вучиќ… координирани политички пораки и синхронизација по чувствителни регионални теми.“
Написот завршува со констатација дека, според нив, патот кон Европската Унија не е блокиран од надворешни фактори, туку од внатрешни политички одлуки.
„Додека овој модел доминира во управувањето, патот на Северна Македонија кон ЕУ останува блокиран – не поради надворешни услови, туку поради внатрешни одлуки.“
Со тоа, медиумот индиректно го поставува прашањето за конзистентноста меѓу јавните ставови на премиерот и податоците што, според нив, произлегуваат од документите поврзани со семејството на неговата сопруга.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

