23 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот весник „24 часа“ пренесува дека Миле Лефков, пратеник и член на извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија, е единствениот што се изјаснува како Македонец во голема фамилија од Кочани, каде речиси сите роднини веќе добиле бугарско државјанство.
Според текстот, близу 20 членови од фамилијата Лефкови – први и втори братучеди, па дури и неговиот брат Иван Лефков – се стекнале со бугарски пасоши. Во постапката за државјанство, тие изјавиле дека имаат дедо Бугарин и дека самите се чувствуваат како Бугари.
Иронијата, како што истакнува „24 часа“, е во тоа што токму партијата на Лефков, ВМРО-ДПМНЕ, жестоко се противи на вметнувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија – барање кое е дел од преговорите со Европската Унија.
Во исто време, Лефков неодамна обвини дека бугарските тајни служби, заедно со соработници во Северна Македонија, водат хибридна операција за дискредитација на премиерот Христијан Мицкоски. Тој тврдеше дека кампањата е резултат на неуспешната бугарска дипломатија во европските институции и ја нарече напад врз македонскиот идентитет.
Сепак, медиумот истакнува дека Лефков не ја споменува својата фамилија, која, преку официјални изјави и документи, го изразила спротивното – припадност кон бугарската етничка заедница. Очигледно е, според „24 часа“, дека неговите најблиски роднини не го делат истиот став за националниот идентитет.
До овој момент, Миле Лефков нема јавно реагирано на информациите објавени од бугарските медиуми.
извор 24-часа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден