МАКЕДОНИЈА

Бугарската пратеничка Белобрадова: Во С. Македонија е престап да се изјасниш како Бугарин

15 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарската пратеничка Елисавета Белобрадова остро реагираше на пресудата против Љупчо Ѓоргиевски – Бугарин од Република Северна Македонија, кој доби условна казна затвор од две години поради тоа што јавно се самоопределил како Бугарин и објавувал содржини на бугарски јазик на социјалните мрежи. „Не верував дека ќе се стигне до ова – особено од страна која е кандидат за членство во Европската Унија“, истакна Белобрадова.

Според неа, оваа пресуда претставува политичка репресија насочена кон Бугарите во Северна Македонија. Таа предупредува дека веќе постои сериозна веројатност да му биде покренато ново обвинение, бидејќи Ѓоргиевски повторно бил повикан на распит.

Белобрадова остро ја критикува не само пресудата, туку и начинот на кој се води процесот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Таа посочува дека извештајот за напредокот на земјата бил одложен откако се дознало дека известувачот на Европскиот парламент одржал над 30 средби со македонските власти – средби кои биле обелоденети дури по јавен притисок.

„Северна Македонија користи сите средства – репресија, закани, руски дипломатски игри и притисок врз ЕУ со закани дека ќе се сврти кон Србија и Русија ако не се игнорираат бугарските барања. Ако тоа беше вистина, немаше да се осудува човек за статуси на Фејсбук. Без навреди, без клевети – само зборови, напишани на бугарски“, пишува Белобрадова.

Иако отсекогаш била поддржувач на македонското членство во Европската Унија и смета дека Бугарија не направила доволно за да гради добрососедски односи, таа вели дека се преминати границите на прифатливо и тоа на начин што директно ја понижува Бугарија.

Таа ја обвинува бугарската влада за млака и нејасна реакција, а премиерот за тотално отсуство. „Кога го прашав што мисли за случајот, добив одговор дека тоа не било негова работа, туку на министерот за надворешни работи. Но ако е така, зошто тогаш премиерот на Северна Македонија, Мицкоски, се фали по телевизии дека добива копии од европски извештаи?“, прашува Белобрадова.

Во понеделник, таа најави дека повторно ќе го постави прашањето: што лично прави бугарскиот премиер – тој и неговите министри – за да осигурат дека извештајот на 24 јуни ќе ја одрази вистината, особено кога станува збор за пресудата против Ѓоргиевски, која има за цел да ги заплаши сите Бугари во Северна Македонија.

„Секој Бугарин е важен – особено оние на кои тоа им чини многу, за да кажат дека се Бугари. А најтажното е што единствената држава во која тоа е опасно – е токму Република Северна Македонија.“

Според Белобрадова, 24 јуни ќе биде денот кога ќе се покаже дали Европската Унија ќе застане на страната на реалноста и правдата, или ќе го легитимира притисокот и манипулациите на македонските власти. „Неспособноста да ѝ објасниме на Европа што навистина се случува – е срам. Срам за владата, срам за дипломатијата. Но можеби имаме уште една шанса тој срам да го избришеме.“

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени