09 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Република Бугарија официјално понудила помош за справување со пожарите што беснеат низ Македонија, со посебен фокус на регионот на Крива Паланка, каде состојбата станува сè поалармантна. И покрај сериозноста на ситуацијата, засега нема официјален одговор од македонските власти дали е прифатена понудената помош од источниот сосед.
На терен, состојбата е критична – пожарите се шират со голема брзина, особено во околината на Крива Паланка и Дојран, но и во други региони. Градоначалниците од најпогодените општини испраќаат итни повици за интервенција, но реакција од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) засега нема.
Според достапните информации, ДЗС не се активирала на терен во најпогодените подрачја и игнорирала и повици за помош и координација од страна на локалната власт. Дополнително, од Дирекцијата веќе неколку дена не одговараат ниту на прашањата на новинарите во врска со кризата, што дополнително ја зголемува загриженоста кај јавноста.
Граѓаните и локалните власти се оставени да се справуваат со катастрофата самостојно, додека институциите остануваат неми и неактивни. Ситуацијата на терен бара итна мобилизација, соработка со соседите и транспарентност од надлежните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден