07 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во попладневните часови во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која автомобил удри велосипедист. На местото на инцидентот, меѓу првите што пристигнале да помогнат бил кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи.
Според видеоснимки објавени на социјалните мрежи, Османи заедно со неколку граѓани веднаш се вклучил во укажување прва помош на повредениот велосипедист. Додека пристигнало возило на Итната медицинска помош, тие се обидувале да го стабилизираат мажот кој лежел на коловозот.
Инцидентот се случил во близина на една од пофреквентните скопски раскрсници. Засега нема официјални информации за тоа како дошло до судирот ниту за здравствената состојба на велосипедистот кој бил повреден.
Иако од тимот на Османи не беше дадена официјална изјава, од снимката е очигледно дека тој веднаш пристапил со цел да помогне. Присутните сведоци ја поздравиле неговата брза реакција и вклученост.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден