22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Бујар Османи, висок функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), се огласи по резултатите од првиот изборен круг, нагласувајќи дека процесот во општината Чаир претставува „вредна лекција“ што треба да се прифати со достоинство.
„Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство. Ја презедов својата одговорност и го честитав победникот, бидејќи и во вакви околности сакам зад себе да оставам наследство на политичка култура,“ изјави Османи.
Сепак, тој остро реагираше на, како што ги нарече, „арогантните изјави“ од дел од коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека тие постапки се навредливи и недолични. „Ароѓанцијата на некои од Влен станува одвратна. Не прифаќам поради тоа да се потценува резултатот на ДУИ и коалицијата,“ порача Османи.
Османи нагласи дека со освоени над 114.000 гласа, Демократската унија за интеграција останува најголемата политичка сила и легитимен претставник на Албанците во државата.
„Со 114 илјади гласа, ДУИ останува најсилната сила и легитимниот претставник на Албанците,“ рече тој.
Тој ја потврди и својата безрезервна поддршка кон лидерот Али Ахмети, кого го нарече „идеолог и неприкосновен водач на Албанците“.
„Али Ахмети е и ќе остане идеологот и неприкосновениот водач на Албанците. Навредите кон него не се знак на политичка сила, туку на морална слабост,“ додаде Османи.
Османи предупреди дека нападите и ниските провокации имаат за цел да внесат деморализација пред вториот изборен круг, но изрази уверување дека ќе се постигне спротивниот ефект – обединување и решителност.
„Овие ниски напади имаат за цел да донесат деморализација пред вториот круг, но ќе се случи спротивното: единство и решителност,“ рече Османи.
Во завршницата на својата порака, тој ги повика сите Албанци да покажат масовна и достоинствена поддршка на претстојното гласање:
„Ги повикувам сите Албанци во вториот круг да го потврдиме ова со достоинство и масовност. ДУИ останува гласот на Албанците, а Али Ахмети нивната морална и идеолошка потпора,“ порача Османи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден