27 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Првиот заменик-претседател на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше по последниот скандал во Министерството за односи меѓу заедниците, кое е под раководство на Иван Стоилковиќ. Според Османи, станува збор за алармантна состојба во која околу 40 вработени Албанци биле принудени да работат во канцеларија без столчиња, маси и компјутери, стоејќи на нозе од 7 часот наутро до 16 часот попладне, без никакви услови за извршување на своите работни обврски.
Османи наведува дека кога вработените, од нужда, се обиделе да импровизираат седење на подот, тоа било искористено за нивно јавно понижување и исмевање, со пораки од типот „еве како работат Албанците“. Дополнително, седум вработени биле отпуштени од работа со цел да се создаде страв и притисок врз останатите.
„Понижувањето беше организирано, вината ѝ беше припишана на жртвата и се прави обид да се оцрни цела една заедница“, изјави Османи, барајќи итна оставка од одговорните за оваа состојба.
Во својата реакција, Османи нагласува дека Министерството, кое треба да биде симбол на меѓуетничка кохезија и на духот на Охридскиот рамковен договор, е претворено во институција каде што дискриминацијата, понижувањето и заплашувањето на албанските вработени станале секојдневна пракса.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

