23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во скопското село Батинци се случил брутален физички напад, во кој тешко бил повреден маж, откако бил нападнат од страна на сосед и неговите двајца синови, од кои едниот е малолетен. Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против тројцата напаѓачи, двајца од нив – татко и полнолетен син – се осомничени за тешко насилство, додека против 15-годишното момче постапката се води според Законот за правда за децата.
Инцидентот се случил пред семејната куќа на оштетениот, по претходна расправија помеѓу него и малолетниот осомничен. Напаѓачите – 41-годишниот татко и неговите синови на возраст од 18 и 15 години – прво упатиле закани, кои брзо прераснале во физички напад. Жртвата била удирана со тупаници и клоци по телото и главата, сè додека не паднал на земја.
Особено шокантно е што најтешките удари ги нанел малолетниот напаѓач, кој, додека жртвата лежела беспомошна на земја, го удирал и со камен по главата. Нападот резултирал со тешки телесни повреди, вклучително и скршеници.
Во обид да го заштити сопругот, неговата сопруга легнала врз него, додека во инцидентот се вмешале и нивните деца, како и соседи кои се обиделе да ја спречат ескалацијата. Обвинителството посочува дека настанот предизвикал страв и несигурност не само кај семејството, туку и кај другите жители на околината.
Поради сериозноста на делото и опасноста од негово повторување, јавниот обвинител предложил мерка притвор за таткото и полнолетниот син, додека малолетниот напаѓач е опфатен со постапка според специјализираниот закон за малолетни сторители.
Истрагата за случајот е во тек.