МАКЕДОНИЈА

Брисел со јасна порака: Изразивме загриженост за назначувањето на Богојески за директор на Националната агенција

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Европската комисија официјално потврди дека изразила загриженост за неодамнешното назначување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Загриженоста, како што посочија од Комисијата за „Слободен печат“, е поврзана со потенцијален судир на интереси и етички прашања, засновани на неколку правни рамки поврзани со управувањето со ЕУ програмите „Еразмус+“ и Европскиот корпус за солидарност.

Од Брисел информираат дека не биле консултирани при изборот на новиот директор, и тоа било дополнителен повод за нивната реакција. Во комуникација со Министерството за образование и наука (МОН), Европската комисија побарала имплементација на корективни мерки, со јасна порака дека во спротивно, агенцијата би можела да се соочи со суспензија или дури и затворање.

Писмото од Европската комисија до МОН, испратено на 25 мај, налага рок од 30 дена за постапување по забелешките. Покрај барањето за ново разгледување на директорската функција, Брисел изразил незадоволство што не е покрената конкретна постапка за случајот со злоупотреба на 2,2 милиони евра, средства испумпувани преку организација поврзана со повеќе училишта. За истиот случај веќе постои кривична пријава.

Случајот со злоупотребените средства не е нов. Веќе во 2023 година, Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) доставила барање за поврат на овие средства, за што тогашниот директор на Агенцијата, Марко Ѓоргиевски, јавно информираше.

Доколку државата не постапи по барањата на Европската комисија, ризикува сериозни последици – прекин на финансирањето од програмите Еразмус+ до 2027 година, со исклучок на средствата за редовно вработените. Дополнително, ќе бидат прекинати договорите за дополнително ангажираните лица, а се отвора и можноста ЕУ да побара поврат на сите добиени средства од 2020 до денес – сума која се проценува на 35 до 40 милиони евра.

Од Брисел нагласуваат дека остануваат во дијалог со властите во Северна Македонија, но јасно потенцираат дека се подготвени да ги искористат сите свои правни можности доколку забелешките не бидат соодветно адресирани.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени