15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во свој нов фејсбук статус, новинарот и колумнист Бранко Тричковски изнесе провокативна и контроверзна опсервација за тоа што значи да се биде Македонец по националност. Според него, македонскиот идентитет е празна обвивка, исполнета со туѓи влијанија и глумење.
„Во секој Македонец постои Бугарин кој чека да излезе. Србинoт му е аутфит — пудра, првут, перика, Ноле, Цеца, Аца и Дара Бубамара,“ напиша Тричковски, користејќи саркастични слики за да ја опише, како што вели, надворешната „маска“ на Македонецот.
Тој прашува: „А има ли Македонец во Македонецот? Или врз него?“ — и веднаш одговара дека такво нешто не постои. Во неговата метафорична анализа, Македонецот не е ниту суштина, ниту душа, ниту тајновитост, ниту пак обичен декоративен елемент.
„Тој е чад од буките што горат во шпоретот ‘Препород’, сива боја од оџакот во Ватикан кога Конклавата ќе избере папа,“ додава тој, поврзувајќи го идентитетот со ефемерни и надворешни симболи.
Најострата теза на Тричковски е дека Македонецот е „Бугарин кој се претставува како Србин“, со надеж дека ќе биде заштитен од Албанците, „ко и Бугарите“. Заклучокот: „Македонецот по националност е ништо. Можеби говно, ако има таква нација.“
Тој го поврзува ваквиот став со политичката реалност, посочувајќи дека малкумина други народи би можеле по четврти пат за 35 години да влезат во „ренесанса“ преку тоа што доброволно ќе му дозволат на ВМРО, како што вели, „да им го хуманизира пеколот“ — сè тоа со „восхитувачка инфантилност“.
Статусот завршува со силна метафора: „Додека премиерот прди и државата смрди.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден