10 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Во време кога граѓаните се соочуваат со несоодветна заштита од пожари и пожарникарските служби располагаат со дотраена и нефункционална опрема, Владата инвестира над 61.000 евра во доопремување на систем сала и противпожарен систем во сопствените простории.
Според објавените податоци на веб-страницата за јавни набавки, Генералниот секретаријат на Владата, предводен од Игор Јанушев, на 7 јули 2025 година склучил договори со кои се предвидува замена на старата столарија, набавка на нова и имплементација на техничко решение согласно техничката спецификација и нацрти. Инвестицијата е насочена кон подобрување на безбедносните и функционалните услови во владините сали.
Додека институциите се опремуваат со најсовремени системи, на терен ситуацијата е драматично различна. Пожарникарите и службите за заштита на граѓаните добиваат пренаменети стари армиски возила кои, поради тешката конфигурација на теренот, се нефункционални во голем дел од интервенциите.
Овој дисбаланс во приоритетите предизвикува реакции во јавноста. Граѓаните сè почесто се прашуваат зошто владините објекти се опремуваат со скапа и современа опрема додека самите остануваат без основна заштита. „Изгледа дека владините функционери се божества што мора да бидат безбедни по секоја цена, додека народот може да гори,“ коментира еден од граѓаните на социјалните мрежи.
Со ваквите потези, Владата испраќа јасна порака за своите приоритети – сопствената удобност и сигурност пред јавниот интерес. Додека граѓаните се борат со реални и опасни проблеми, институциите вложуваат средства во луксуз и безбедносна надградба зад затворени врати.
Прашај го ChatGPT
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден