27 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот вицепремиер за европски прашања и министер за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за емисијата „Само вистина“ откри дека иако повеќе не е политички активен во Македонија, тој и понатаму останува ангажиран на меѓународно ниво, особено во областа на европските интеграции.
„Веќе некое време работам во три различни држави на проекти за помош на Владите за европските интеграции, конкретно на преговарачките тимови и министрите надлежни за преговори“, изјави Маричиќ. Најголемиот дел од неговиот ангажман е во Молдавија, каде што работи на два проекти поддржани од германската агенција за меѓународна соработка (GIZ). Покрај тоа, тој е активен и во Црна Гора, додека на Украина им помага од далечина, поради актуелната безбедносна состојба во земјата.
Иако повеќе не зазема активна партиска улога, Маричиќ останува член на СДСМ и одржува добри односи со раководството на партијата.
„По изборите и по оној резултат и поразот што го доживеавме, сметав дека треба да поднесам оставка од сите партиски функции и да се посветам на други работи. Сакав да се повлечам за да се анализира што се случи и зошто дојде до тоа. Јас останувам член на СДСМ и имам коректна комуникација со раководството, но немам никаква функција“, истакна Маричиќ.
Со новиот професионален ангажман, Маричиќ ја пренесува својата експертиза надвор од границите на земјата, придонесувајќи за евроинтегративниот процес на неколку земји во регионот и пошироко.