TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот

02 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Македонија живее во состојба што сè повеќе наликува на „деветтиот круг на пеколот“ – метафора што не произлегува од книжевна претераност, туку од секојдневното искуство на обичниот граѓанин. Доволни се два случајни разговора на скопските улици за да се почувствува длабочината на разочараноста и безнадежноста што ја гуши земјата.

Еден средовечен господин, случајно сретнат на булеварот „Теодосиј Гологанов“, споделува дека редовно ги следи телевизиските дебати и дека, по сите години политички турбуленции, повеќе не гледа ниту надеж ниту иднина. Следното утро, во населбата Тафталиџе, пензионирана професорка со 35 години работен стаж прашува: „Ќе нè биде ли?“ Нејзината пензија не ѝ дозволува достоинствен живот, а помошта од сопствените деца станува неопходна за преживување. Истовремено, таа со огорченост ги слуша политичките препукувања во Собранието – навреди, дисквалификации и обвинувања – додека народот едвај врзува крај со крај.

Овие примери не се исклучок, туку правило. Според официјалните статистички податоци, значителен дел од населението живее во сиромаштија, а масовното иселување станува хроничен демографски тренд. Илјадници граѓани секоја година заминуваат во потрага по подобар живот, често користејќи странски пасоши како билет за излез од безизлезот.

Во вакви околности, јавниот дискурс меѓу власта и опозицијата се сведува на меѓусебни обвинувања – кој повеќе украл, кој повеќе ја упропастил државата. Перцепцијата кај граѓаните е дека политичките елити, без оглед на идеолошката боја, се подеднакво одговорни за системската корупција и институционалната ерозија. Од „голтари“ до милионери – таа трансформација не е само популистичка флоскула, туку симбол на длабока недоверба кон политичката класа.

Додека граѓаните се соочуваат со инфлација, ниски примања и неизвесност, во јавноста одекнуваат приказни за луксузни часовници, јахти и егзотични дестинации. Контрастот меѓу сиромаштијата и раскошот создава дополнителна фрустрација и чувство на неправда.

Проблемот не е само економски. Тој е системски и морален. Институционалната слабост, клиентелизмот и партизацијата на државата создадоа амбиент во кој компетентноста е заменета со лојалност, а јавниот интерес со лична корист. Кога граѓаните ја губат вербата дека системот може да се реформира одвнатре, тогаш се раѓа апатија, а апатијата е најголемиот сојузник на статус-квото.

Прашањето што лебди во воздухот е едноставно: дали нешто ќе се смени? Скепсата доминира. Малкумина веруваат дека актуелните политички структури ќе се самореформираат. Во таков амбиент, за многумина единствената рационална опција изгледа како личен егзодус – спакувани куфери и заминување „што подалеку од тука“.

Заклучокот е горчлив: ниту еден човечки живот не треба да се потроши во безнадежност и системска неправда. Доколку државата не создаде услови за достоинствен живот, таа ризикува да остане празна – не само демографски, туку и суштински.

Македонија денес не се соочува само со економска или политичка криза. Таа се соочува со криза на доверба, морал и перспектива. А без нив, секоја држава – колку и да е мала и мила – тоне сè подлабоко во сопствениот деветти круг.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Трагедија во Тафталиџе: Братот на починатата обвинува дека институциите потфрлиле по години пријави за семејно насилство

СВЕТ
02 март 2026

Просечната годишна плата во Бугарија порасна за 12% во 2025 година

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Корубин: Демократијата не е наследено право, туку систем што се брани – понекогаш и со конфликт

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Рокас за „Слободен печат“: Нема „второ ниво“ членство во ЕУ, потребни се уставни измени и реформи

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Професорот Пајазити: Македонците имаат десет причини да го учат албанскиот јазик

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
02 март 2026

Трамп: Операцијата против Иран напредува „значително побрзо“ од планираното

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Ахмети: Албанците недвосмислено стојат покрај САД како најголем стратешки партнер во контекст на случувањата со Иран

СВЕТ
02 март 2026

Бугарија подготвена за евакуација на 2000 бугарски државјани од Блискиот Исток со 8 авиони

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

БТА: Белгија размислува да испрати затвореници во Северна Македонија поради пренатрупаност на затворите

СВЕТ
02 март 2026

По нападите од Иран – Франција со промени во нуклеарната политика

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

ССМ ја напушти седницата на ЕСС: Минималецот расте само 1.600 денари, следуваат протести

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Скандал во МВР: Главен пилот управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола

СВЕТ
02 март 2026

Американскиот министер за одбрана: Секој што ќе им се закани на Американци ќе биде пронајден и елиминиран

СВЕТ
02 март 2026

Брисел донесе одлука: Целосно се укинуваат мерките кон Косово и се одмрзнуваат над 200 милиони евра

СВЕТ
02 март 2026

Изјава на Високиот претставник во име на Европската Унија за случувањата на Блискиот Исток

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Саше Политико: Со секое зголемување на минималецот оттурнуваме луѓе од работа

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

„КОД“ открива: Кој стои зад заканите кон Груби?

СВЕТ
02 март 2026

Војната со Иран може да трае „четири недели или помалку“ додека продолжуваат американско-израелските напади

СВЕТ
02 март 2026

Албин Курти: Косово застанува зад САД во акцијата против Иран

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Мицкоски: Нападите на Иран врз суверени држави се сериозна закана за глобалната стабилност

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Северна Македонија меѓу земјите со највисок раст на цените на храната на Балканот во 2026 година

СВЕТ
02 март 2026

ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот

СПОРТ
02 март 2026

Бугарската репрезентација до 19 години со втора победа над Северна Македонија

СВЕТ
02 март 2026

Нафтата се доближува до 100 долари по напад врз танкер кај Оман

МАКЕДОНИЈА
02 март 2026

Владата ги остави сточарите без пари – ветувањата на министерот се покажаа како празна реторика

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
02 март 2026

Денес 2 март 2026 година се празнува: Светиот великомаченик Теодор Тирон

СВЕТ
01 март 2026

Брисел балансира меѓу солидарност со Иранците и избегнување на ескалација

МАКЕДОНИЈА
01 март 2026

МНРНТ изрази целосна поддршка и солидарност со повеќе блискоисточни земји по нападите од иранскиот режим

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега