17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, остро ја критикуваше Владата за нетранспарентност и, како што рече, прикривање на вистинската состојба со јавниот долг. Гостувајќи во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, Битиќи предупреди на сериозни фискални ризици поради, според него, неконтролираното задолжување што го спроведува актуелната власт.
„Ако имаме зголемување на јавниот долг од 7%, а раст на БДП од само 3,2%, разликата од 3,8% претставува структурен проблем. Мултиплицирано во десет години, тоа значи зголемување од 38% – што е алармантно,“ изјави Битиќи.
И покрај тврдењата на министерката за финансии дека Владата постапува внимателно со јавните финансии, Битиќи смета дека реалните бројки ја демантираат. Тој истакна дека Владата во јавноста прикажува намалување на јавниот долг, додека во реалноста не се евидентираат сите доспеани, а неподмирени обврски.
„Може да се пофалат дека јавниот долг го намалиле за 36 милиони евра, но ако ги занемариме 700 милиони евра кои се доспеани, а сѐ уште неисплатени, тогаш тоа не е вистинска слика. Нема никакво намалување,“ нагласи Битиќи.
Пратеникот ги посочи и конкретните извори на, како што ги нарече, „скриени долгови“. Меѓу нив, долгот на општинските јавни претпријатија – кои, според него, претежно се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ – изнесува 11,5 милијарди денари, односно околу 200 милиони евра. Дополнително, јавните здравствени установи должат 4,6 милијарди денари, а самите општини 3,8 милијарди денари.
„Овие долгови не сме ги оставиле ние. Тоа се обврски оставени од нивните сопствени градоначалници,“ посочи Битиќи.
На крајот, тој повика на итна реакција од Владата, барајќи одговори и конкретни мерки за справување со состојбата. „Наместо да се користат селективни бројки и политичка реторика, потребна е транспарентност. Кога ќе ги собереме сите доспеани, одложени обврски, како и долговите поврзани со ДДВ, јавниот долг можеби веќе е 8 до 9 процентни поени повисок од она што официјално се прикажува,“ заклучи Битиќи.
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство
Г7 ја поддржа Израел и го прогласи Иран за дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток
Румен Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на патот на С. Македонија кон ЕУ