13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Земјоделските производи бележат најголем раст на цените, што претставува сериозен удар врз животниот стандард на граѓаните, предупреди пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција на партијата.
Според податоците кои ги презентираше, во јуни цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9% во однос на истиот период лани.
„Ако се погледнат поединечните категории, поскапувањата се уште подраматични. Компирот е поскап за 56,7%, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%“, изјави Битиќи.
Тој нагласи дека овие ценовни скокови не се резултат на раст на платите или пензиите, туку на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и шпекулативно формирање на цените.
„Кога основните прехранбени производи, кои секое семејство ги купува секојдневно, поскапуваат со двоцифрени стапки, тоа значи дека секоја недела и секој месец граѓаните можат да си дозволат сè помалку“, рече тој.
Битиќи посочи и на најновите ценовни индикатори кои, според него, ја потврдуваат влошената состојба:
Само еден месец претходно, овие стапки изнесувале 4,5% и 3,7%, што, како што вели Битиќи, укажува на забрзување на растот на цените.
„Цените забрзуваат, а примањата стагнираат – што е најлоша можна комбинација за животниот стандард“, предупреди пратеникот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден