17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Потребно е Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да ја утврдува конечната цена на водата, а не советите на општините – ова беше главната порака што произлезе од меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“, организирана од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ.
Според Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, оваа промена е клучна за справување со високите загуби на вода за пиење, кои на национално ниво достигнуваат речиси 64 проценти. Тој потенцираше дека постојниот систем на утврдување на цената е нефункционален, комплициран и поделен во повеќе фази, без да резултира со посакуваните ефекти.
„Потребно е двотретинско мнозинство во Собранието за да се донесат измените на законите кои ќе ѝ овозможат на РКЕ да ја определува конечната цена на водата. Заедно со АДКОМ ќе поднесеме иницијатива до Собранието за отпочнување на оваа процедура“, изјави Бислимоски. Тој додаде дека РКЕ располага со поттикнувачки методологии кои би придонеле за подобрување на економските перформанси на јавните комунални претпријатија (ЈКП), за оптимизирање на нивната работа и за значително намалување на загубите на водни услуги.
Бислимоски истакна дека за да се модернизира и обнови дотраената водоводна инфраструктура, потребни се стабилни и самоодржливи јавни комунални претпријатија. Тој додаде дека функционирањето на овие претпријатија не смее да зависи од донации, туку од одржлив економски модел кој ќе им овозможи не само ефективно управување, туку и создавање профит. Овој профит, според него, треба да биде реинвестиран во проекти за енергетска ефикасност и изградба на нови капацитети за обновливи извори на енергија.
„Ние немаме Б опција – мора да работиме со јавните комунални претпријатија. Тие се столбот на водните услуги и клучни за развој на комуналниот сектор“, нагласи Бислимоски.
Конференцијата го стави фокусот на потребата од сеопфатни реформи во комуналниот сектор со цел обезбедување на квалитетни, достапни и одржливи водни услуги за граѓаните.
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство
Г7 ја поддржа Израел и го прогласи Иран за дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток
Румен Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на патот на С. Македонија кон ЕУ