МАКЕДОНИЈА

Бигорскиот Манастир апелира на единство во Црквата

01 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Братството на Свештениот Бигорски Манастир соопшти дека единството на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) е „почетокот и крајот на сè“ и ги повика верниците на духовна зрелост и смирение во актуелните состојби.

Повод за изјавата се неодамнешните реакции и јавни собири во врска со назначувањето на митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Манастирот со разбирање ги прифаќа различните мислења и дебати во јавноста, нагласувајќи дека тие се доказ за живата вера и грижата на верниците кон Црквата.

Сепак, од Бигорската Обител ги повикуваат сите страни да ги имаат предвид духовниот поредок и каноните, како и да ја користат постојната црковна структура – Светиот Синод и дијалогот – за решавање на прашањата.

„Најважно е единството на нашата Света МПЦ-ОА. Тоа е темелот врз кој почива нашето заедништво, нашиот мир и секоја наша духовна надеж“, велат од Бигорскиот Манастир.

Во истата изјава се нагласува дека монасите никогаш не се стремеле кон „човечки височини и признанија“, туку кон „височините на духот“, додавајќи дека нивното достоинство доаѓа од молитвата и трудот посветени на духовната обнова на верниците.

Во пресрет на очекуваната одлука на Светиот Синод, манастирот апелира на засилена молитва, смиреност и достоинство, истакнувајќи ја важноста на мирот и единството во Црквата.

„Нека нашето однесување биде смирено и достоинствено, а нашата вера уште понепоколеблива“, заклучуваат од Бигорскиот Манастир.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени